Телевизијата Sky News објави снимка од потенцијалениот сторител на еден од терористичките напади во Шри Ланка.



На видеото снимено неколку секунди пред нападот, може да се види како осомничениот со голем ранец на грбот влегува во црквата по што снимката се прекинува.

Во терористичките напади во Шри ланка билансот на загинати се качи на 310, а двојно повеќе се повредени во координирани напади на три цркви и три хотели во главниот град и еден помал во предградието на Коломбо.

Вчера без жртви помина 8 експлозија на експлозив во компбе.

Денес, се појави информација дека одговорност за нападите презеде терористичката организација Исламска држава (ИСИС) , а дека нападите во Шри анка се одмазда за нападот на џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд во средината на март во кои загинаа 50 лица.