Објавена јахта на адвокат – политичар за која СДСМ барала потекло на имот (ФОТО)

Адвокатот Александар Тортевски објави фотографија од чамецот кој тој иронично го нарекува јахта а за кој луѓе блиски на СДСМ јавно барале да се испита потекло на имотот на членот на раководството на партијата Твоја.



“На СДСМ многу му пречи што имам чамец од 12.000 € а не им беше чудно кога Боки 13 покажа милиони. Цела партија се потепа да се дружи со него, му одеа дома, се сликаа. Како ученичиња му се поклонуваа на прославите со него. Се тепаа кој да влезе во УО кај него за да крка парички”, искоментира Тортевски на Твитер откако ботови на СДСМ го обвинија дека е корумпиран затоа што имал јахта.

Денеска Тортевски откри за каква “јахта” станува збор.