Објавен Законот за амнестија – И испратен во Собрание

Предлог Законот за амнестија по усогласувањето со надлежните институции оди во собраниска процедура. Со законот се предвидува намалување на казните за оние кои сториле полесни кривични дела. Владата на претходната седница го разгледуваше предлог законот, од казна затвор се предвидува да бидат ослободени, осудените до шест месеци, а останатите ќе добијат намалување на казната од 30 отсто. Усогласувањето со секторот за законодавство, како што рече премиерот Димитар Ковачевски, меѓудругото и за третманот на осуденици во странство е завршен – пренесе Телма.



„Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , „Несовесно работење во службата“ од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство“, соопштија од Правда.

Оваа амнестија не се однесува на кривични дела „Разбојништво“ од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба“ од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија“ од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353, „Несовесно работење во службата“ од член 353-в, „Примање поткуп“ од член 357,, „Давање поткуп“ од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание“ од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359, сите од Кривичен законик.

„Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година како и на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон“, велат од министерството.