Поради обилните дождови на изворите Лукар, заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци, информираа од кавадаречкото јавно претпријатие ,,Комуналец”.
Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.
„ Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, додаваат од комуналното претпријатие.
Синоќа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.







