Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015-та бил избран за поглавар на ИВЗ.
Во истиот тој период на паралелно Собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.
Во моментов и приврзаниците на Реџепи и приврзаниците на Бузаку се во просториите на Исламската верска заедница.
„Од утре даваме заклетва и ќе се организираме како верници, јас сум новиот поглавар на ИВЗ“, рече пред новинарите Скендер Бузаку и додаде дека за тоа има „судско решение“.
Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.
Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од својата фамилија во заедницата и дека поради тоа не очекуваме мирно предавање на функцијата.

И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.
Сулејман Реџепи неодамна искажа тешки навреди за македнскиот народ.
Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.





