Обид за ,,пуч” во собраниско тело за Бехтел и Енка

Во Собранието денеска владеачкото мнозинство се обидело на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува.



Ваква најава дава пратеникот и претседателот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.

,,Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност”, порачува Милошоски.