Во Германија е приведена особено опасна група која подготвувала државен удар со цел да го врати редот на земјата од времето на Германската империја во 1871 година.
Принцот Хајнрих XIII Ројс цу Костриц требало да биде на чело на новиот Рајх како регент.
Тој му припаѓа на кнежевското семејство Реус од Тирингија, од кое потекнува бугарската кралица Елеонора (1908-1917), пренесе БГНЕС.

„Бугарската кралица има големи заслуги за нашата татковина – пишува Агенцијата – таа е исклучително благородна и голем бранител на нашата национална кауза.
Кралицата Елеонора е една од ретките светли фигури во нашата инаку мрачна историја во изминатите 140 години“, пишува БГНЕС.







