Скопската урбана легенда и угостител Томе Корнер открива на обид за измама во која непознато лице се обидело да направи ,,пранк” односно да направи кафеанска нарачка која воопшто немало намера да ја консумира и да ја плати.
,,Значи си вози денот и прееска од 07650190* звонат и нарачуваат количина месо за да јадат десет луѓе, и демек ке поминеле да го земат. Нормално не ја примивме нарачката,затоа што нашол со кого да сади крастаици! Е сега ја молам твитер заедницата да му звони секој што му е досадно!”, пишува Томе Корнер.
Според малата неформална истрага на Твитерџии се работи за лице со име Давор кое ја направило нарачката.
Значи си вози денот и прееска од 076501904 звонат и нарачуваат количина месо за да јадат десет луѓе, и демек ке поминеле да го земат. Нормално не ја примивме нарачката,затоа што нашол со кого да сади крастаици! Е сега ја молам твитер заедницата да му звони секој што му е досадно!
— Професор Цветковиќ (@tome_corner) January 11, 2023
Предходно лице кое се претставуваше како Доктор Дејан направи слична измама во повеќе скопски ресторани.






