,,Обезглавена” службата која грчки извори ја посочија за поседување на софтвер за шпионажа

Македонската безбедносна агенција ОТА односно оперативно техничка служба преку која оди легалното прислушување на осомничени за тешки кривични дела ќе остане без директор одреден период.



Практично од утре е ,,обезглавена” службата која грчки агенти ја обвинија за поседување на софтвер за илегално прислушување.

Денеска „Службен весник“ го објави огласот за избор на нов директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА) а вчера Собранието со 83 гласа „за“ ја донесе одлуката за распишување оглас.

Функцијата на актуелниот директор Зоран Ангеловски завршува утре што значи дека ОТА еден период ќе работи без директор.

Зошто власта доволно оваа важна агенција да остане без директор е нејасно но сомнежите се дека некој можеби сака да скрие информации кои ги има само актуелниот директор кој од владата пред неколку месеци доби огромни пари.

Грчка истрага откри дека СДСМ и ДУИ поседуваат софтвер за следење на граѓани

Рокот за пријавување на огласот на оваа значајна институција во синџирот на заштита на националната безбедност и борбата против криминалот е 10 дена.

Предлагачи на одлуката за објавување на огласот беа пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми.

Според условите на огласот, за директор на ОТА може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија, со најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во областите информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки. Освен тоа, кандидатот треба да има најмалку 10-годишно работно искуство во овие области по завршеното образование.

Зоран Ангеловски за директор на ОТА беше избран на 7 септември 2018 година, со мандат од пет години, без право на повторен избор.

Владата демантираше дека ОТА поседува шпионски софтвер но сомнежот дека власта прислушува различни системи за комуникации во јавноста остан.

Нов македонски скандал со прислушување, шпионска агенција имала драфт договор за користење на ,,Предатор”