Обезбедувањето во Берлин ги одзема знамињата и шаловите со сонцето од Кутлеш

Обезбедувањето на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Германија пред мечот на Македонија против домаќинот во Берлин ги одзема знамињата со сонцето од Кутлеш.



Обезбедувањето на мечот во салата Мерцедес Бенз ги одзема сите знамиња, шалови и други реквизити на кои има апликација на Сонцето од Кутлеш.

Супервизор на обезбедувањето на членови на македонската фаланга која во Берлин е присутна со над илјади навивачи тврди дека има такви наредба од ЕХФ но не знае точно зошто има забрана за Сонцето од Кутлеш.

Тој од еден македонски навивач побарал објаснување за разликата меѓу националното знаме и знамето со сонцето од Кутлеш на што добил кратка лекција по историја.

Досега на десетици членовите на Македонската фаланга им се одземени реквизити со Сонцето од Кутлеш кои ќе им бидат вратени по мечот со Германија.

Огромен скандал и навреда за милиони Македонци во Австралија и целиот свет https://www.expres.mk/makedonskite-drzhavno-i-etnichko-zname-zabraneti-na-australian-open-2024/

Македончето се снајде

Забраната од ЕХФ е урната: ,,Сонцето од Кутлеш” сјае во Мерцедес Бенц арена