Обезбедувањето на ракометниот меч Македонија – Грција не успеа да го одземе знамето со ѕвездата од Кутлеш (Вергина) кое за време на интонирањето на националната химна го вееше еден од навивачите.
И покрај обидот на обезбедувањето навивачот остана во салата и го вееше знамето во текот на целиот меч.
Македонските власти по договорот од Преспа на неколку спортски натпревари на национални тимови со помош на приватни агенции за обезбедување се обидуваат да спречат употреба на симболот ѕвездата од Кутлеш кој Грција го смета за свој.
Според порталот струмицаденес.мк навивачот на обезбедувањето им рекол дека ако го сакаат знамето ќе треба да го извадат насила од салата.
Алал вера на дечкото со старото државно знаме 🔆 , а на овие комуњариве од Никоб [Бугари] последно да им е, @VMRO_DPMNE да си знае што со нив кога ќе дојде на власт. Од сега натаму без 🔆 не се оди никаде. pic.twitter.com/Md9kagKCgH
— 🅰️псаана (@aps_aana) June 16, 2019




