Обезбедувањето на Ахмети користи флешери кои не смеат да ги користат приватни возила, ако има закон Спасовски може веднаш да ги уапси (ВИДЕО)

Се што е забрането со закон е дозволено за Али Ахмети, пишува во новиот пост на @Апсана на Твитер.



Во видеото, најмалку пет приватни возила на Али Ахмети користат флешери што во Македонија е забрането и никој освен службени возила кои имаат сигнални уреди за предност во сообраќајот не смее да ги поседува и користи.

Во твитот пишува дека возилата се снимени на потегот од Стража кон Гостивар што не е точно затоа што се работи за автопат кој според коментарите во твитот е во Косово.

Иако локацијата на приватните возилата најверојатно е Косово, тие таму влегле од Македонија а користење на флешери на приватните возила на обезбедувањето на лидерот на ДУИ сепак е кривично дело за кое се одговара во Македонија.

Ахмети не е владин функционер и не му следува службено возило а во Македонија е забрането да се користат флешери на приватни возила.

Да смее министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски според видеото може веднаш да ги најде приватните возила од обезбедувањето на Ахмети и да ги санкционира затоа што истите овие возила се возат и во Македонија каде што се регистрирани.

На видеото кое е објавено од близок човек на Ахмети јасно се гледаат регистарските таблички со броевите на возилата колку што немаат ниту највисоките државни функционери на Македонија.

Видеото на Тик Ток го објавува човек од блискиот круг околу Али Ахмети и Спасовски да смее веднаш ќе го повика за проверка на возилото.

Тоа што видеото со возилата на обезбодувањето на Ахмети е со песна за Дарданија која симболизира обединување на сите албански територии е посебна провокација.