Лицето Борче Гиноски за кое новинарот Бранко Героски тврди дека му се заканил преку Фејсбук има десетици фотографии со врвни партиски и државни функционери јавно објавени на социјалната мрежа.
Фотографирање со политичари формално-правно не значи никаква одговорност за функционерите на СДСМ но заедничките фотографии можат да значат многу доколку МВР и обвинителството не покренат процедури за истражување на случајот.
Доколку нема мерки против обезбедувачот тоа може да значи и дека тој има политичка заштита токму од тие со кои се фотографирал.



Героски оди во СДСМ, од Заев бара средба со партискиот обезбедувач што му се заканувал





