На протестот организиран од политичарите на прозападната опозиција на синоќешниот масовен протест „Србија против насилството“, обесија кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ.



Покрај заканата, ова е и кривично дело за кое е предвидена повеќегодишна затворска казна, пишува Новости.

Организаторите на протестот не се обратија пред толпата, но затоа на присутните им се обратија актери.

Покрај тоа, на митингот се обратија и комичари, иако претходно се зборуваше за трагедиите (двете масовни убиства што се случија пред еден месец).

Во синоќешната порака на Инстаграм, Вучиќ испрати порака дека е време за обединување: „…да направиме се што можеме за да ја придвижиме нашата земја напред. Ова е покана до сите луѓе во Србија.

Ви благодарам на сите вас. И оние кои ми се закануваа со бесење и оние кои ми испраќаа пораки за поддршка. Само заедно можеме да тргнеме во иднината, која ќе значи подобар живот за нашиот народ“ порача Вучиќ на Инстаграм.

Српската премиерка Ана Брнабиќ го коментираше „бесењето“ на куклата на Твитер.

„… Александар Вучиќ е пријател, татко, син… човек кој дава се за да ја направи Србија посилна. Имате друга визија – ОК, но бесење, а се борите против насилството?“, напиша таа.