Обединети Македонци од Канада: Кога апсите родољуби сетете се на крајот на Хитлер и Мусолини

Организацијата Обединети Македонци во Канада со згрозување ги осудува апсењата на македонските родољуби “кои, замислете, извикувале Македонија…Македонија, сред плоштадот Македонија во Скопје, главниот град на Република Македонија”.



Според Обединети Македонци од Канада апсењата го покажуваат вистинското фашистичко лице на власта, која е спаничена од неуспехот да го вреднува велепредавството на македонското национално достоинство за можно, идно членство во ЕУ.

“Непочитувани политичарчиња поставени од странски агентури – кога ги апсите македонските родољуби, секогаш имајте ја во мислите последната слика од крајот на диктаторите како Хитлер и Мусолини. И вашиот крај нема да биде многу различен, бидејќи народот памти и секогаш враќа стократно”, пишува во име на организацијата Обединети Македонци во Канада, претседателот Драги Стојковски.

————
Организацијата Обединети Македонци во Канада е основана во 1959 година со цел Обединување на Македонците во нивната борба за етнички, јазични и културни права во Канада, како и ширум светот. За повеќе податоци слободно јавете се на нашата е-адреса info@unitedmacedonians.org, на нашата мрежна страна www.unitedmacedonians.org или на фејсбук https://www.facebook.com/UnitedMacedoniansCanada/.