Обединета македонска дијаспора: Не го бојкотирајте пописот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикаа Македонците иселеници, но и граѓаните на Македонија да не го бојкотираат пописот.



Претседателот на ОМД, Мето Колоски, оценува дека кај Албанците, пописот се претставува како операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница.

„Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница.

Организациите и друштвата на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот, напиша Мето Колоски од ОМД на Фејсбук.