Поранешниот американски претседател Барак Обама смета дека „Светот би бил подобро место кога жените би биле на чело на секоја држава“.
Обама е на турнеја во Австралија, а во еден од своите говори се осврна и на темата за жените во политиката.
Обама во Меѓународниот конгресен центар во Сиднеј рече дека светот би бил подобро место доколку жените го водат, макар и само неколку години.
„Всушност сум убеден дека ако можеме да направиме експеримент каде секоја земја на планетата била водена од жени околу две години, сигурен сум дека светот ќе се движи во подобра насока“, изјави тој.
Неговата изјава беше проследена со овации и аплаузи, но Обама брзо додаде: „Пред да почнете да навивате, не велам дека не правите и луди работи, затоа не се фалете премногу“.
„Живеам во домаќинство со три жени, па видов некои работи“, објасни тој.






