Поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон се пријавија како волонтери да примат вакцина против Ковид -19 со цел да ја унапредат довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, откако Американската администрација за храна и лекови ќе ја одобри, јавува Си-ен-ен.



Тројцатаекс-претседатели се надеваат дека кампањата за подигнување на свеста за унапредување на довербата во нејзината безбедност и ефикасност ќе биде моќна порака, бидејќи американските службеници за јавно здравје се обидуваат да ја убедат јавноста да прими вакцина.