Објавено името на атентаторката од Истанбул – била Сиријка

Турската полицијата го соопшти идентитетот на уапсената Ахлам Албашир, Сиријка осомничена дека ја поставила бомбата во Истанбул од која загинаа 6, а ранети се над 80 лица.



Таа на првичното испрашување рече дека била обучена од курдски милитанти во Сирија и дека влегла во Турција преку северозападниот сириски регион Африн, соопшти полицијата.

На објавената снимка се гледа жена со кадрава коса облечена во виолетов џемпер со натпис „Њу Јорк“ која е донесена во полицискиот оддел. Полицијата со помош на куче извршила претрес во станот во кој била уапсена и нашла злато, пари и муниција.