О2 Иницијатива: Зошто немаше предупредување додека патуваа азбестните влакна во воздухот?

Граганскоот здружение „О2 Иницијатива“ излезе со реакција по пожарот кај поранешната фабрика за дрвна индустрија „Треска“ по сознанијата дека во пламенот горел и азбестен материјал.
Од таму ги прашуваат надлежните служби зошто не следувало предупредување за граѓаните да не остануваат на отворено во близина и да се заштитат со затворање на прозорците. Според еко активистите, загрозено било здравјето на секој жител на главниот град од азбестните честици во воздухот.
„Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови. Азбестот е на листата на опасен отпад.
Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме.



Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош“, гласи нивната реакција.

Од таму бараат во Скопје да се отстранат сите азбестниве покриви и изолации на безбеден начин, бидејќи станува збор за канцероген опасен отпад.

„Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?“, прашуваат од „О2 иницијатива“.