Oткупните цени на пиперките мора да се почитуваат, велат од инспекторатот за земјоделство

Откупната цена на пиперките мора да се почитува согласно постигнатиот договор, изјави денеска на средба со производителите на пиперки, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев. Тој кажа дека инспекторите од ДИЗ секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперката.



Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка. На средбата, како што информираат од ДИЗ се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона.

Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство“, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, а пренесува Државниот инспелторат за земјоделство.