Откако завчера попушти конструкцијата на железничкиот мост кај Стоби, нуркачки тим на МВР ќе проверува каква е состојбата на темелот на разнишаниот столб на дното на реката Црна, дознава ТВ24.
Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, за ТВ24 изјави дека по таквата инспекција, ќе биде појасно какви зафати ќе се прават и колку време ќе се реконструира мостот.
ЦУК: Се бара решение за санирање на железничкиот мост
Експертски тим на чело со Марковски утрово повторно беа на терен и направија втор увид.
„Засега единствено се знае причината за оштетувањето, а тоа е поместувањето на еден од средните столбови на мостот“, вели професорот Марковски.






