Министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка обзнани како Македонија може да ја помине претстојната енергетска криза.
„Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината“, вели министерот за животна средина и просторно планирање
Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија, вели Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.
Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.
„ Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, вели министерот.







