Викторија Нуланд Заменичката на државниот секретар на САД за политички прашања, пристигна во Киев поради заканата од воен удар во Украина, пишува весникот „Азија тајмс“.
„Зошто Нуланд побрза во Киев? Најверојатно Белата куќа и кажала веднаш да оди таму во случај работите да тргнат наопаку во Киев. Очигледно постои страв дека Валери Залужни може да распореди војска и да ја искористи против Владимир Зеленски“ – се наведува во анализата.
Според авторот на текстот, задачите на Викторија Нуланд биле да му објасни каде припаѓа и да го смири врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валери Залужни, кого претседателот на Украина, Володимир Зеленски планира да го смени поради неговите неуспеси на бојното поле.
Се претпоставува дека главниот командант на украинската армија сѐ уште може да се крене против Киев.
Во декември 2013 година, таа во говорот пред Фондацијата САД-Украина обзнани дека САД потрошиле околу 5 милијарди долари на програми за градење демократија во Украина од 1991 година.
Руската влада ја искористи оваа изјава, тврдејќи дека тоа е доказ дека САД ја организирале „обоената револуција“.





