Независната угостителска комора очекува покана за средба со Владата околу најавениот нов сет мерки мерки. Тие очекуваат дел од тие мерки да бидат насочени и кон реалните потреби на угостителите.



„И покрај тоа што се уште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со претседателот на Влада, ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и претседателот на Владата официјално гo најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните, а се планираат да ги дизајнираат во консултации со синдикатите, стопанските комори и други социјални партнери.

Очекуваме покана како комора во креирањето на петтиот сет мерки со цел да земеме активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да дадеме и наш придонес истите да бидат креирани според вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија, велат од Комората во денешното соопштение.

Од НУК потсетуваат дека се уште немаат информации за поднесената иницијатива до Уставниот суд од 18-ти декември во која тие се жалат на селективноста на донесената рестриктивна мерка за работното време на угостителските објекти од страна на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.