Новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти реагира Независната угостителска комора (НУК)
„Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност (…) Во ниеден закон, уредба или правилник не постои новосоздадениот термин ‘ресторани за свадби’ со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти.
Свадби/прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. ‘ресторани за свадби’, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти“, велат од НУК.







