Угостителите бараат укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика.



„Дел од угостителските објекти традиционално имаат групи кои вршат анимација на гостите, од кои објектот зависи. Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти“, изјави претседателот на Независната угостителска комора (НУК), Здравко Јосифовски.

Тој, како што пренесува „Вечер“, смета дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба.