„Агим Нухиу од Демократската унија за интеграција во вечерашното гостување во емисијата ‘Патот кон’ на Алсат изјави дека власта е легитимна и го има потребниот број пратеници.“ – јави ТВ Алсат.
Оваа телевизија на својот портал напиша:
„Нухиу се огласи со тврдење и дека во наредните денови ќе има зголемување на мнозинството. ‘Владата е легитимна, ги има бројките и во наредните денови ќе имаме зголемување на мнозинството да ги води државните институции.’ – рече тој.“





