Нухиу: Во Брисел знаат дека Рекет досегнува до врвот на СДСМ

Лингвистот и аналитичар Арменд Нухиу пренесува неофицијална инфоемација според која датум за преговори со ЕУ е можен во октомври но во комбинација со европски правосудни експерти кои ќе го процесираат случајот кој доаѓа до врвот на владеачката партија.



“Една птица ми кажа дека Северна Македонија во октомври ќе добие датум за преговори со ЕУ, со истовремено именување обвинители и судии од земји членки на ЕУ за сите актуелни судско-обвинителски процеси.

Бидејќи во Комисијата во Брисел знаат добро дека аферата “Рекет” досегнува до високи политички фигури од владејачката СДСМ и дека ако не ја превземат работата странците, Боки и Катица ќе останат единствените жртвени јариња од овој скандал.

Не само од ЕУ, и сите ние го знаеме тоа”, пишува Нухиу.