„Блокадата на Парламентот не е многу разумна и не претставува соодветен пат во овој момент кога е функционална владината коалиција.’ – тврди Ќани Нухиу, професор по политички науки на Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Директната блокада на Собранието, која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја спроведе, не е соодветниот пат.’ – оценува Ќани Нухиу. Според него, овој чекор би предизвикал различни негативни последици во државата. ‘Блокада на институциите не треба да има во овој момент од повеќе причини. Парламентарното мнозинство располага со 64 пратеници и е функционално. Не постои никаква политичка криза, за да дојде до институционална криза. Се додека е функционална владината коалиција не е многу разумно да се блокираат институциите.’ – истакнува Нухиу.“
„Политикологот Нухиу нагласува дека на политичките партии треба да им биде поважна промената на изборниот закон отколку блокирањето на Парламентот. ‘Изборниот закон секако треба да се промени, бидејќи треба да се демократизира натаму политичкиот живот во државата. Треба да се зголеми рамништето на застапеноста, за да има поправедна застапеност отколку што е сега со системот на затворените листи и т.н. Но и да се промени изборниот закон согласно со демократските стандарди, ќе бидат потребни шест месеци, за да се организираат нови избори.’ – рече Нухиу.“
„Тој апелира до партиите да изнајдат други форми, за да ги спроведат своите програми, бидејќи, според него, блокадите не водат кон успех.“





