Нухиу: Адеми може да донесе гласови за СДСМ како покојниот дедо Шефкет

Лингвистот и аналитичар Арменд Нухиу смета дека тактиката на СДСМ со активности на функционери Албанци да донесат гласови за својата партија и кандидатот Стево Пендаровски е целосно погрешна.



“Го гледам овие денови често Едмонд Адеми во Тетово. Сигурно од штабот на СДСМ мислат дека како Албанец ќе им донесе гласови.
Едмонд Адеми на СДСМ гласови од Албанци од Тетово може да донесе колку дедо ми Шефкет од Џепчиште, Алах да го прости”, пишува Нухиу кој смета дека со бојкот на изборите на власта ќе и биде упатена казна од граѓаните.

Едмонд Адеми е министер за дијаспора од редовите на СДСМ.