Во партијата на Тито Петковски сметаат дека резултатите од пописот, било какви тие да се од аспект на етничката припадност на граѓаните, не треба да доведат до ревидирања на правни акти или преиспитувања на веќе постигнати политички договори.
„Сѐ друго би значело отворање на прашања и теми кои би довеле до зголемување на меѓуетничките тензии и до нарушување на стабилноста на политичкиот систем, што за една држава која е пред портите на ЕУ е неприфатливо и недозволиво.
Правата кои припадниците на одредена заедница ги имаат добиено и ги уживаат во една демократска држава не може да бидат предмет на било какви правни ревизиии или политички договори кои ќе значат нивно губење.
Ова е уште позначајно ако се има во предвид дека с Македонија е и мултетничка држава, чија правна и политичка стабилност во многу голем степен зависи од релаксираноста на односите помеѓу етничките заедници“, велат од НСДП за Плусинфо.





