Нож во грб за Заев од негов личен советник (Видео)

Професорот по Применета економија на Правниот факултет во Скопје и Советник на премиерот Заев за економски прашања Ванчо Узунов смета дека тезата на претседателот на Владата за брза промена на економските состојби, платите и стандардот на граѓаните со членството во НАТО е неточна.



НАТО е важен чекор во интеграциите но секој сам ќе мора да се погрижи за подобар живот изјави Узунов на дебата во ТВ 24.

„Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме. – рече Узунов кој смета кажа дека платите нема сами по себе да се качат со членството во НАТО.

„Нема сами по себе да се качат платите. Ние треба да работиме на индивидуално или на семејно ниво“, смета советникот на Заев кој заедно со Никола Поповски цинично ги коментира мерките на владата за зголемување на платите на 500.

Со ваквите изјави професорот Узунов оди директно контра пропагандата на Заев и владата кои тврдат дека со влезот во НАТО македонските граѓани веднаш ќе почувствуваат бенефит за економските состојби.

„НАТО значи безбедност и стабилност, но НАТО, пред сè, значи економски раст, економски инвестиции, повисоки плати и перспективи. Видовме пример од најблиското соседство. Бугарија до своето членство во НАТО имаше инвестиции во просек од 450 милиони евра, а по членството, инвестициите пораснаа повеќе од 6 милијарди во првата година, а потоа следуваше инвестирање со импакти во следните години“ изјави претседателот на Владата за време на ланската презентацијата на финалниот план за економски раст во Владата.

Позициите на професорот Узунов се чудни дури и за екс министерот за финансии на СДСМ Никола Поповски за кого вакви неолиберални тези се прилично ортодоксни за човек кој е советник на премиер од социјалдемократска партија.

Изјавата на Узунов доаѓа откако Заев во Брисел изјави дека ако нема датум за преговори неговата влада може да падне.