Повлекувајќи паралела меѓу Косово и Македонија како две најмалку посетени земји во Европа, како што констатира во насловот, порталот „Стаф“ од Нов Зеланд со дилема која од двете е најмладата држава на стариот континент.
„Патниците сега можат да се врзат во јазол одлучувајќи која од овие две е најновата земја во Европа. Дали е тоа Косово, кое прогласи независност во 2008 година, или Северна Македонија, која технички постои само од промената на името во февруари 2019 година?“, пишува „Стаф“.





