Новозасадените дрвца кај поликлиниката „Чаир“ не издржаа ни една ноќ

Град Скопје се пожали дека непознати сторители минатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред поликлиниката „Чаир“ засадени вчера од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.



Инцидентот е пријавен во полиција, а на местото на украдените садници е бидат засадени нови како дел од есенската акција за
обновување на уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари со нови зимзелени и листопадни дрвца.