Осумнаесетте членови на новото мнозинство во Советот на Општина Битола ја прескокнаа „Северна“ при давањето на свечената заклетва на денешната конститутивна седница, за разлика од 13. советници на опозицијата, објави порталот „Битола њуз“.
Тринаесетте советници од ВМРО-ДПМНЕ, двата на Левица и трите од граѓанската листа „Поинаку“, заедно со новоизбраната претседателка од нејзините редови Габриела Илиевска, не ја изговорија географската одредница.
Спротивно на нив, „Северна“ се слушна на крајот од свечената заклетва на советниците од новата опозиција во градот на конзулите, составена од 11 члена на СДСМ и по еден од ЛДП и од ДУИ.






