Новогодишно: Тетово „накитено“ со билборд за долгот на општината

Билоборд на кој е напишан долгот на Општина Тетово вети и постави актуелниот градоначалник Билал Касами: 24.018.222 евра е долгот кој општината го имаше кога тој го презел управувањето од поранешната градоначалничка Теута Арифи. 



Како што и претходно соопшти Касами, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.

Фото: Газета експрес