Новогодишна донација од „SPORT LIFE”

„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна
компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и
донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ
Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение
регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“,
Куманово.
„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите
категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и
минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња,
да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за
Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе
поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е
скапоцена.“ – истакнува Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.
Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во
згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од
најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената
одговорност на „Sport Life”.