Ново значење на кратенката СДСМ (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Огромниот број на новозаразени (999) и на починати (14) го испровоцираа филмскиот работник Иво Антов да даде ново значење на кратенката СДСМ, партија која што е на власт и која иако предупредувана од јавноста дозволи неконтролирано ширење на нов бран на коронавирусот.



Владата дури денеска воведе построги мерки од кои дел ќе важат дури од 1 септември.

Според Антов СДСМ во сегашниот контекст значи: Секогаш Доцниме Со Мерките