Ново предупредување од СЗО: Најлошото е пред нас!

„Најлошото е пред нас“ – предупредил генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.



„Верувајте ни. Најлошото е пред нас. Ајде да спречиме таква трагедија. Тоа е вирус кој многумина не го разбираат“ – предупредил Гебрејесус во време кога многу од земјите почнуваат да ги ублажуваат рестриктивните мерки поради коронавирусот, пренесува AП.

Тој не образложил зошто мисли дека пандемијата, од која што според податоците на сајтот „Worldometers“ починаа над 170.000 луѓе, додека над 2.4 милиони се заразени, би можела да се влоши.

Тедрос пандемијата коронавирус ја споредува со шпанската грозница која што се појавила по Првата светска војна.

„Има многу опасна комбинација и ова повторно се случува за првпат во сто години, како грозницата во 1918-та година која што уби 100 милиони луѓе. Но, сега имаме технологија, можеме да ја спречиме таа катастрофа, мора да спречиме таков вид криза“ – изјави директорот на СЗО за новинарите во Женева.