Нов вербален напад на новинарот близок на СДСМ Саше Ивановски Политико кој овој пат освен професорката Гордана Сиљановска Давкова како носител на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 се обиде да ја навреди и втората на листата на опозицијата во И. Е. 2 Рашела Мизрахи.
Ивановски на настанот на кој присуствувале двете кандидатки за пратенички ја нарекол професорката Силјановска “мутава” а Мизрахи ја навредувал затоа што докторирала на ветеринарни науки.
Ивановски пред два дена негираше дека земал пари од семејството Заеви за чиј најголем медиумски поддржувач важи во новинарските кругови.
Ивановски стана познат за пошироката јавност откако неговата сопруга го нападна со нож поради семејни расправии.
Што напиша на Фејсбук Сиљановска во врска со денешниот настан кој предходеше на навредите на Ивановски:
Горди!
Со Рашела креваме глас за родова еднаквост и крај на сексистичките и антисемитски напади!
Ги исправаме неправдите!
Го враќаме достоинството!
Целиот статус на проф. Сиљановска
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1167077386983468&id=777129052644972&sfnsn=mo





