Илјаз Халими, поранешен потпретседател на Собранието и на Демократската партија на Албанците (ДПА), е разочаран што партиите од албанскиот политички блок не издејствувале повеќе за Албанците во Македонија, барајќи нејзино ново дефинирање како држава во интервју за „Програма 200“ на Алсат-М.
Разочаран што не е направена поголема стратегија и соработка меѓу партиите на Албанците, пратеникот на ДПА од 1998 до 2006 година и претседателски кандидат на изборите во 2014 година вели дека по сите случувања и Охридскиот договор новата кауза на партиите треба да биде ново дефинирање на Македонија како држава на Македонците, Албанците и другите.
Според Халими, национализмот го користеле партиските лидери за гласови и тоа се прави и денес, што е погрешно.
Еден од основачите на ДПА, роден во Косово, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет во Приштина, неодамна ја објави четиритомната книга „Морфологијата на една национална кауза“.





