Никој од новоизбраните пратеници веќе еден час не пристигна во Државната изборна комисија за да го подигне уверението со кое станува пратеник.



Во 12 часот, ДИК закажа средба со новите пратеници, но засега во салата, останаа само членовите на ДИК, свеченото цвеќе поставено по повод овој моментнт и медиумите, јавува ТВ21.

Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстојниот Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август.