Новиот шеф на грчката дипломатија има потекло од Албанија

„60-годишниот адвокат е роден на островот Крф“ и во неколку прилики во ТВ гостувања со гордост говорел за неговото потекло од Албанија, поточно од градот Химара, пишува албанскиот портал Dita.



Никос Дендиас бил еден од најсилните гласови на опозицијата и покренал сомневања за надворешната политика на Алексис Ципрас, а од дистанца го критикувал и премиерот Еди Рама.

„Ме чуди тоа што премиерот Еди Рама нема прогрчки ставови. Ме чуди бидејќи Рама е четвртина Грк, неговата баба Анагности ја запознав на Крф“, зборувал Дендиас кога бил во опозиција.