На итна седница, надвор од работното време Судскиот Совет го избра Сашко Георгиев за претседател на највисокото судски тело. Со ова практично, се потврдија шпекулациите кои се денови кружат во јавноста дека членовите се пребројуваат за Георгиев биде поставен на претседателската позиција.
Откако Георгиев беше избран со 8 гласа ЗА, а 4 против рече дека верува во себе, во сите членови но и во Господ.
„Верувам во Господ, верувам во себе, во Вас, во сите колеги“, рече Георгиев.
Неговата претходничка Дамева со чие разрешување јавноста беше сведок на тензиите и караниците во Советот, не присуствуваше на седницата за избор на нејзин наследник.
Георгиев пак, за разлика од неговите две претходнички Дамева и Црвенковска, не зборуваше за влијанија и тврдеше дека нема никакви притисоци од никого.






