Новиот парламент ќе го ратификува протоколот за НАТО

Претседателот на парламенто Талат Џафери денеска соопшти дека парламентот ќе се распушти на 11 февруари.



Тоа значи дека сегашниот парламентарен состав нема да го ратификува Протоколот на НАТО кој се уште не поминал во Франција, Холандија и Шпанија.

Откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, Протоколот треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието.

За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав, рече Џафери.