Даниел Мусовски, кој неодамна ја прифати поканата од селекторот Игор Ангеловски да заигра за фудбалската репрезентација на Македонија, одушеви уште еднаш сезонава, отворајќи го резултатот во локалното дерби на Лос Анџелес во американската МЛС-лига.



Лос Анџелес го совлада Лос Анџелес Галакси со 2:0, а 24-годишниот напаѓач во 58. минута ефектно го заврши контранападот на својата екипа, лобувајќи го гостинскиот голман Џонатан Клинсман, син на германската фудбалска легенда Јирген Клинсман.

За Мусовски ова беше петти првенствен погодок во 13. настап сезонава, а Лос Анџелес е четврти во Западната конференција.

https://twitter.com/FootblaDigital/status/1320472445032271880