Новиот лидер на Сириза се „омажи“, како Грција ќе го прифати тоа!?

Новиот лидер на грчката левичарска партија Сириза, Стефанос Каселакис, вчера во Њујорк стапи во геј-брак со својот партнер, Тајлер Макбет.



Наследникот на Алексис Ципрас во Сириза, кој е првиот геј лидер на политичка партија во Грција, беше изненадувачки избран за шеф на левичарската опозициска партија на крајот на септември.

Новодојденецот во политиката и грчката јавна сцена, Каселакис (35), бизнисмен и поранешен трговец на Голдман Сакс, изминатиот период пред јавноста веќе го претстави својот партнер, Американец кој работи во службата за брза помош.

Но, како што јавува Емагазин повикувајќи се на свои извори, таквата врска нема да биде признен во Грција која не признава еднополови бракови.