Анализа: Новиот изборен модел може ќе го намали бројот на пратеници – Албанци

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази поддршка за отворените листи, но остро се спротивстави на промените, кои ќе овозможат само една изборна единица во целата земја. Ова е поткрепено со фактот дека моделот со една единица ќе предизвика губење на гласовите на албанското бирачко тело. Тоа директно би влијаело на намалување на бројот на неговите пратениците – Албанци во македонскиот парламент. Како можност за реформа на изборниот систем, ДУИ нуди создавање 3 изборни единици наместо шест, кои моментно постојат“.



Ова се заклучоците на анализата на информативната агенција на албански јазик „Журнал.мк“ која објавува уреднички коментар во врска со загатнатите промени на изборниот закон.

„Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернативата се спротивставува на предлозите за една изборна единица, бидејќи, според нив, ова претставува ризик за албанскиот глас. Тоа би влијаело врз на намалувањето на нивните претставници во македонскиот парламент. Тие го поддржуваат создавањето изборен систем со 8 единици, со оценка дека тоа би овозможило поправедна и посоодветна застапеност.“ – нагласува „Журнал.мк“.

„СДСМ поддржува создавање една изборна единица и гласање за отворени кандидатски листи. Според оваа партија,тоа ќе овозможи поправедна застапеност во парламентот, додека отворените листи ќе го зголемат квалитетот на застапеноста на гласачите во собранието. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на создавањето само една изборна единица и размислува за мнозински изборен модел со 120 изборни единици, бидејќи, според оваа партија, ова би влијаело на зголемување на нејзината партиска моќ. Дури и ако ВМРО ги поддржи изборните реформи, ќе го услови своето гласање со усвојување изборен праг за политичките партии и со свое барање претседателите на општините да се изберат во еден круг на гласање.“ – пишува во уредничкиот коментар „Журнал.мк“.

„Промените во изборниот законик во Македонија се вратија на преговарачката маса, што се врши неколку месеци пред локалните избори, но многу е тешко да се постигне договор со оглед на етничкиот состав на земјата и фактот дека секоја партија има свои политички пресметки, кои се стреми да ги оствари. Промената на изборниот систем во земја со таков етнички состав како што е Македонија е многу деликатно прашање. Тоа бара целосен консензус меѓу политичките партии, заради претставувањето на граѓаните и етникумите во земјата.“ – заклучува оваа информативна агенција.