Митко Јанчев кој победи со огромна разлика во првиот круг за градоначалник на Кавадарци, уште веднаш се зафати со работа во општината..
Јанчев уште денес продолжи онаму каде што застана и поплочи 1920 метри квадратни на една од поголемите улици во Кавадарци.
-Поплочување на тротоар на ул.Методија Џунов Џикот и уредување на дол Калница каде што треба да се стави и настрешница. Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд, вкупната квадратура за поплочување е 1920 метри квадратни, објави Јанчев на Фејсбук.





